ДАЛИ ГИ ЧИТАТЕ ЕТИКЕТИТЕ НА ЈАБОЛКАТА? Првиот број од налепниците на плодовите, открива многу!

Кога кодот започнува со бројот 3 или со бројот 4, тоа значи дека самиот восок со кој се обложени јаболката, не е природен, дека може да биде токсичен и дека на некој начин ги запечатил на јаболкото сите пестициди што биле испрскани на него.

33

Кога купувате овошје и зеленчук, за кои сте убедени дека се добри за вашето здравје, веројатно сте забележале дека често имаат на нив налепници, особено на јаболката. Но, дали некогаш сте се запрашале што значат тие налепници, какви информации даваат и која сорта јаболка би требало да ја изберете?

Повеќето јаболка се обложени со восок, но проблемот е ако бројот на етикетата започнува со три или четири, бидејќи тоа значи дека овошјето не е органско. Тоа, пак, значи дека е премачкано со синтетички восок – вели Зиб Аткинс, експерт со повеќе од две децении искуство во клиничката исхрана, кој се опишува себеси како „британски креатор на долговечноста број 1“.





Аткинс им советува на клиентите да бараат јаболка со етикети што почнуваат со бројот 9.

Кога кодот започнува со бројот 3 или со бројот 4, тоа значи дека самиот восок со кој се обложени јаболката, не е природен, дека може да биде токсичен и дека на некој начин ги запечатил на јаболкото сите пестициди што биле испрскани на него.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини