ДАЛИ ФИЛИПЧЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ЗАЕВ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ИСТ НАРОД? Попустливоста и предавството се синоними за СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав, наведено е во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДСМ е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и ја уназадија Македонија, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти? Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДСМ да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДСМ отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДСМ никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДСМ да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ. Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДСМ додека малкумина блиски до врхушката на СДСМ преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав, наведено е во реакцијата.
„За Филипче, Заев и за СДСМ нема црвени линии има само лукративен интерес. Филипче исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот. На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ. СДСМ е синоним на предавства, неспособност, и криминал“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.