ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ОДМАРА ВО ГРЦИЈА И ПИШУВА СТАТУСИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ? ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали лидерот на СДСМ е на средба со Заев во Дубаи
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е срамно што на неговата Фејсбук страна Филипче објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога шета по песочните плажи и ужива во украдените пари.
ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ја праша опозициската партија СДСМ каде е нејзиниот лидер и дали е тој на одмор во Грција додека во собранието се одвива расправата за законот за Кочани кој го предложи опозициската партија.
„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција. Дали е точно дека тој всушност пишува ФБ статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат и дали Филипче планира да ја искористи златната виза и да замине за Дубаи.
„Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза? Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев? Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче. Срамно е што на неговата Фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога шета по песочните плажи и ужива во украдените пари. СДСМ и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.