ДАЛИ ЕСМ СЕ ПРЕМИСЛУВА ЗА КУПУВАЊЕ НА ТОПЛАНИТЕ? „Адора инженеринг“ вели, ако се договори закуп ќе има загуба од 550.000 годишно

Од компанијата велат дека ако не се постигне договор за закуп и продажба ЕСМ заедно со БЕГ бесправно ќе ги користат двете топлани за кои се платени 9, 26 милиони евра пред една година.

771

Компанијата „Адора Инженеринг“ денеска  информира дека е подготвена да ги продаде топланите на ЕСМ доколку ги наплати побарувањата од изминатиот период, но ако од неа се бара да ги даде под закуп тогаш ќе има годишна загуба од 550.000 евра.

Од компанијата информираат дека на 18 август годинава ЕСМ и самата побарала понуда за  купопродажба на топланите Исток и Запад.






-„Адора Инженеринг“ во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи- велат од компанијата.

Според компанијата, велат дека доколку се постигне договор само за закуп на топланите, тоа ќе значи остварување загуба.

-Изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за „Адора Инженеринг“, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550 000 евра секоја година – велат оттаму.

Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, додаваат од компанијата, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ во деловно-техничка соработка со ЕСМ да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора Инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост.

– „Адора инженеринг“, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија – велат од компанијата.

Компанијата вчера соопшти дека е подготвена да ги продаде топланите за износот кој го платила лани на АД „топлификација“ во стечај од 9, 26 милиони евра.

 

Поврзани содржини