„ЗАДИРА“ Е ИМЕТО НА НОВИОТ СУПЕРЛАСЕР ШТО ГО ТЕСТИРА РУСИЈА? Путин се пофали со ново ултразвучно оружје

Русија уште од 2018 година го развива ласерот „Пересвет“ за кој руското Министерство за одбрана тврдеше дека веќе се користи во војната распореден на пет места. За системот „Задира“ пак, се знае многу малку.

869

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во денешниот говор на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток, најави дека Москва развива ново оружје. Русија развива оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности, истакна Путин.

Дали системот „Задира“ за кој уште лани пишуваа светските медиуми е ласерското оружје кое сега го тестира Путин? „Задира“ наводно е способен со ласерски зрак да соборува дронови, но и проектили и ракети кои емитуваат инфрацрвена светлина.






Русија уште од 2018 година го развива ласерот „Пересвет“ за кој руското Министерство за одбрана тврдеше дека веќе се користи во војната распореден на пет места. За системот „Задира“ пак, се знае многу малку.

 

Во Владивосток Путин ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој допатува во Русија.

Последната посета на Ким беше на Владивосток во 2019 година, на првиот самит со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма.

Вчера Вашингтон упати апел до Пјонгјанг да не ја вооружува Москва.

Поврзани содржини