ДАЛИ Е ВО НАЈАВА ДОЛГА ВОЈНА? ЕУ обезбедува 20 милијарди евра за одбраната на Украина во наредните четири години
Во рамките на Европскиот инструмент за мир, од кој ЕУ досега обезбедуваше воена помош за Украина, во следните четири години ќе има посебно поглавје со фонд од 5 милијарди евра годишно, потврди Жозеп Борел.
Европската унија ќе обезбеди 20 милијарди евра во следните четири години за потребите на украинската војска, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ објасни дека во рамките на Европскиот инструмент за мир, од кој ЕУ досега обезбедуваше воена помош за Украина, во следните четири години ќе има посебно поглавје со фонд од 5 милијарди евра годишно.
Новиот фонд има за цел на Украина има за цел да обезбеди сигурност и предвидливост на европската помош.
Од февруари минатата година од Европскиот инструмент за мир се обезбедени 5 милијарди евра. Со овие средства на земјите-членки им се исплати надомест за оружјето и муницијата што и ги доставија на Украина.