ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ЗЕКИРИ РАБОТЕЛ ПО ВАШ НАЛОГ? Прашање до вицепремиерот Фатмир Битиќи од пратеникот Тони Јаревски
Поранешниот генерален секретар на владата денес многу конкретно и директно укажа дека за она што е осуден добил директна наредба и насока од вас – посочи пратеникот Тони Јаревски на собраниска седница.
На денешната седница во Собранието на Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски постави три прашања до заменик премиерот Фатмир Битиќи, до министерката Каја Шукова и до министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
– Денес бевме сведоци на изјава од поранешниот генерален секретар на владата каде што многу конкретно и директно укажа дека, на суд, дека за она што е товарен добил директна наредба и насока од Фатмир Битиќи. Понатаму нема да коментирам за неговите искази велејќи дека во суштина тој не бил крив, тој е во затвор, а тој што му ја дал наредбата сега глуми лидер на државата – посочи Јаревски на седницата за пратенички прашања.
Јаревски постави прашање до министерот за земјоделие зошто според закон опожарената шума не е санирана и пошумена и по две години, а согласно законот не пошумувањето тоа е казниво и по закон.
Пратеникот Јаревски упати прашање и до министерката Каја Шукова дали владата има национална стратегија за аерозагадувањето и дали планира да преземе некои мерки за намалување на загадувањето.