ДАЛИ Е ПРЕТЕПАНО ИЛИ КАСНАТО ОД КУЧЕ, СЕ ИСТРАЖУВА Четиригодишното девојче од Струмица донесено на Клиника со гангренозни рани е во стабилна состојба

Тим од лекари од Детска Хирургија и Инфективна, се грижи за негово опоравување.

280

Четиригодишното неухрането девојче од Струмица кое пред три дена во тешка состојба, со гангренозни рани, повреди по телото и скршеници беше примено во Клиниката за детски болести во Скопје е во стабилна состојба и под интензивен медицински надзор, објави ТВ Сител.

-По спроведување на првичните постапки за стабилизација на детето беа вклучени и колеги од Детска Хирургија и Инфективна, направени се преврски на раните и започнато е интензивно лекување. Инаку, што се однесува до раните мајката кажа дека тие се од напад на куче пред две недели – изјави директорката на клиниката Валентина Цвејоска-Чолаковска.






При дијагностичките прегледи кај девојчето биле утврдени скршеници по телото, а тоа било донесено во толку тешка состојба што докторите на клиниката се прашувале како воопшто преживеала.

За тоа што точно се случило, одговор треба да даде истрагата на полицијата, социјалните служби и судски вештак, иако нејзината мајка на лекарите им кажала дека повредите се последици на напад на куче од пред две недели.

 

Поврзани содржини