📷 ДАЛИ Е ОВА РАСПАЃАЊЕ НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“? По Шерифовиќ и Босанац и таа си заминува од жирито

По заминувањето на Марија Шерифовиќ и Драган Стојковиќ - Босанац, жирито на српското музичко натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“ го напушта и Вики Миљковиќ.

700

По заминувањето на Марија Шерифовиќ и Драган Стојковиќ – Босанац, жирито на српското музичко натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“ го напушта и Вики Миљковиќ. Пејачката по цели 10 години се прости од својата улога во музичкото натпреварување преку отворено и емотивно соопштение.

Вики Миљковиќ напиша дека нејзината одлука не била лесна, бидејќи со шоуто ја врзуваат силни емоции, бројни пријателства и илјадници талентирани млади луѓе со кои имала чест да работи. Таа истакна дека искуството во шоуто било привилегија и дека е горда што била дел од промена на музичката сцена.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)


Во својата порака, Вики изрази длабока благодарност до целиот тим на продукцијата, жирито и посебно до нејзиниот долгогодишен пријател Саша Поповиќ, кој ја повикал да се приклучи на проектот и кој, како што вели, ќе ѝ недостасува засекогаш.

На крајот, таа се заблагодари и на гледачите за нивната поддршка и љубов низ годините, нагласувајќи дека таа љубов ѝ била мотив секогаш да остане искрена и доследна на себе.

„Благодарна сум на целиот тим на Гранд, на моите колеги во жирито, на продукцискиот тим и на сите зад камерата, кои со години ме правеа да се чувствувам како дома. Посебна благодарност му упатувам на мојот голем пријател Саша Поповиќ, кој ме покани на ова незаборавно патување долго десет години и за кое засекогаш ќе тагувам“, објави таа.

Поврзани содржини