📽 ДАЛИ Е ОВА НАЈДАЛЕЧНИОТ УДАР НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА? Украинците соборија суперсоничен авион на 220 километри од Санкт Петербург

Украинска „Правда“, пак, објави дека уништен е не еден , туку два суперсонични бомбардери од типот Ту-22М3 на аеродромите „Солци“ и „Шајковка“.

1,519

Украински напад со беспилотно летало врз руска воздушна база во Солци, во близина на Новгород, оштети 2 руски воени авиони, објави Би-Би-Си. Ова е еден од најдалечните удари со дрон на Украина досега. Новгород е многу далеку од границата на Украина. Воената база Солци-2 каде Би-Би-Си анализира дека горел бомбардерот, кој се чини дека е од типот Туполев Ту-22 со долг дострел се наоѓа na 220 километри јужно од Санкт Петербург.

„Сликите објавени на платформата за социјални медиуми Телеграм покажуваат како голем пожар го зафати авионот Ту-22 со карактеристичниот конусен нос“, се вели во написот.






Руското Министерство за одбрана објави во соопштение дека нападот од „беспилотно летало од типот коптер“ се случил околу 10 часот по московско време во саботата.

„Беспилотното летало беше откриено од набљудувачката станица на аеродромот и беше погодено со оган од мало оружје. Еден авион е оштетен, нема жртви како резултат на терористичкиот акт“, соопшти Министерството.

Туполев Ту-22 може да достигне брзина од 2 маха, што е околу 2.300 километри на час.

Украинска „Правда“, пак, објави дека уништен е не еден , туку два суперсонични бомбардери од типот Ту-22М3 на аеродромите „Солци“ и „Шајковка“.

„Два стратешки бомбардера Ту-22М3 се целосно уништени. Уште два авиона се полесно оштетени“, вели извор за медиумот.

Трите најголеми аеродроми во главниот град на Русија, Москва, од рано утрово ги прекинаа полетувањата и слетувањата, објави руската новинска агенција Тасс..

 

 

Поврзани содржини