🎥 ДАЛИ Е НЕЗАКОНСКИ ГИВАВЕЈОТ НА БОКИ 13 И НА ЛАЗАРОВ? Надзорните органи в понеделник ќе им тропнат на врата на инфлуенсерите
Во соопштението на Министерството се вели дека „наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии и аналогно на тоа Министерството за финансии нема издадено дозвола за приредување наградна игра, согласно Законот за игри на среќа и забавните игри“. Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, в понеделник надзорните органи, во состав на Министерството за финансии, ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување нерегуларности, ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.
Надзорните органи на Министерството за финансии в понеделник ќе спроведат соодветни контроли поврзани со наградните игри на среќа кои ги водат Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и јутјуберот Стефан Лазаров, соопштија надлежните од Министерството за финансии, објави телевизијата Канал 5.
Во соопштението на Министерството се вели дека „наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии и аналогно на тоа Министерството за финансии нема издадено дозвола за приредување наградна игра, согласно Законот за игри на среќа и забавните игри“. Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, в понеделник надзорните органи, во состав на Министерството за финансии, ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување нерегуларности, ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.
„Сакаме да напоменеме дека Министерството за финансии издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или со непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи. Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува сѐ почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е осуден на 9 години затворска казна во случајот „Рекет“, наместо на издржување затворска казна слободно се движи надвор, промовира нови песни и без дозвола од Министерството за финансии организира наградни игри, се вели во објавата на Лидер.
Образложението на здравствените власти е дека тој е инвалид од прв степен и нема услови да лежи во затвор, но затоа инвалидот од прв степен може да организира наградни игри и да промовира нови музички нумери. Прашањето кое се поставува е дека дали истото лице, сега надвор од затвор, има кард-бланш да прави нови кривични дела без притоа да биде вратено во Идризово?
Партнер во дејството му е инфлуенсерот Стефан Лазаров кој на пошироката јавност ѝ стана познат по обвиниението за ширење на омраза кон жените во неговиот подкаст.
Што прават Боки 13 и Лазаров?
Без да имаат обезбедено дозвола за организирање на игри на среќа од министерството за финансии, осудениот престапник Бојан Јовановски и обвинетиот престапник Стефан Лазаров организираат игра на среќа насловема како GIVAWAY 007, според кој ќе доделуваат автомобили, ајфони и стан во Скопје.

Услов за да учествувате на еден од овие наградни игри е да купите карта на некоја од гала вечерите кои ќе ги организираат Боки и Лазаров, а една е најавена за Нова година во дискотеката „Дефакто“ во Гевгелија.
За да учествувате во наградната игра, треба да купите билет во дискотеката во Зона А кој чини 2.500 денари или во ФАН/ВИП Зона, каде картата чини 3500 денари, се додава во објавата на Лидер.
За да нема злоупотреби од типот на перење пари, незаконски награди и слично, наградните игри во Република Северна Македонија се регулираат од Министерството за финансии од каде за Канал 5 утринава одговориле дека немаат никакво барање за ваква наградна игра.
Боки 13 молчи, а Лазаров им се нафрли на медиумите
Откако Канал 5 објави за случајот, со серија реакции и навреди кон медиумот излезе Стефан Лазаров. Лазаров се закани дека ќе го тужи и главниот уредник на Лидер бидејќи нивниот медиум ја пренел веста.
Сепак, јасно е дека Лазаров и Боки 13 го прекршиле законот затоа што продаваат билети во замена за GIVEAWAY.
Согласно членот 2 од законот за организирање на игри на среќа, Лазаров и Боки 13 морало да ја пријават нивната наградна игра. Во ставот 1 јасно пишува:
-Игра на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта ислучиво или претежно зависи од случаноста или од некој иден неизвесен настан во играта. – стои во законот, а појаснува порталот Лидер.
Јасно е дека тука вие непосредно се стекнувате со право да учествувате во наградната игра доколку купите билет на Гала Вечерите на Лазаров и Боки 13.
Во ставот 18 од истиот член пишува:
-Наградни игри се игрите на среќа заради рекламирање на производи и услуги кои ги приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва, на начин определен од страна на приредувачот на игри на среќа (на вообичаен начин, електронски начин, на пад на мобилен уред, интернет и слично) со јавно објавување на на условите за учество на играта на среќа утврдени со правилата на игра, кои што приредувачот на играта на среќа се обврзува на извлечените добидници да им ги додели наградите во предмети, пари или права. – стои во законот.
Лазаров, Боки 13 и дискотеката „Дефакто“ ги опфаќа и овој член затоа што тие јавно на социјалните мрежи ги објавија условите за учество во нивната наградна игра, се вели во објавата на Лидер.

Испит за властите
Согласно Законот за игри на среќа, но и според доказите објавени погоре од Лидер, очигледно е дека тука има одредена злоупотреба. Институциите треба да истражат кој е мотивот на споменатите лица. Дали можеби се перат пари на компаниите кои се рекламираат кај овие инфлуенсери? Дали можеби Боки 13 на ваков начин ги легализира парите од Луј Витон ташната? Ова се прашањата на кои институциите ќе треба да одговорат во наредниот период…
Трагичната вистина за тоа каде ние живееме, се вели во објавата на порталот, е дека лице, кое е осудено на 9 години затвор, може слободно да се шета надвор од затворот и да организира вакви активности под изговор дека е инвалид од прв степен.