ДАЛИ ЌЕ ИМА „РЕПРИЗА“ НА СТРАШНАТА „СУПЕРКЛЕТОЧНА“ БУРА? Ново невреме се движи од Словенија кон југ
Дирекцијата за цивилна заштита на Република Хрватска преку Фејсбук предупреди дека невреме со грмотевици од Горски Котар се движи во правец на Карловац и Загреб. Во Загреб веќе врне, а се слушаат силни грмежи, известуваат хрватските медиуми.
Нова бура се движи од Словенија кон Хрватска, Босна и Херцеговина и кон Србија, по разорното невреме кое во средата однесе најмалку четири животи и предизвика големи материјални штети во регионот.
Словенечката агенција за заштита на животната средина наведува дека рано утринава две посилни „суперклеточни“ бури се формирале во близина на словенечката граница со Италија и патуваат кон исток. Првата отишла во внатрешноста на Словенија, а втората го зафати подрачјето јужно од местото Бовац.
За цела Словенија е издадено портокалово предупредување поради можно невреме. Повторно постои опасност од засилен ветер, дожд и град, јавуваат регионалните медиуми. Врнежите може да предизвикаат и поројни поплави, се додава во соопштението.
Еден од неколкуте фронтови на бурата, кои доаѓаат од Словенија веќе пристигна над Загреб. Се движи од правец на Нови Загреб и моментално е над Самоборските Планини и поголемиот дел од Загреб. Од приближно истата насока дојде силно невреме во средата попладне. Во Загреб веќе врне, а се слушаат силни грмежи, известуваат хрватските медиуми.
Дирекцијата за цивилна заштита на Република Хрватска преку Фејсбук предупреди дека невреме со грмотевици од Горски Котар се движи во правец на Карловац и Загреб.
„Подгответе се за посилни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром“, соопштија Републичкиот хидрометеоролошки завод на Хрватска.
Во поголемиот дел од Босна и Херцеговина на сила е портокалово предупредување поради можното невреме, обилни локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер со можна појава на град.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија рано утринава издаде две предупредувања. Во првото се предупредува дека денеска и утре во попладневните и вечерните часови во Србија може да очекува тешко невреме, додека вториот се однесува на високи температури во текот на денот.
[KRATKOROČNO UPOZORENJE] @DHMZ: Grmljavinsko nevrijeme iz Gorskog kotara kreće se u smjeru karlovačkog i zagrebačkog područja. Između 9 i 10 sati na tom području treba očekivati izražene pljuskove, munje te prolazno jak vjetar, u manjoj mjeri i tuču. https://t.co/pHmNgJ7MhJ pic.twitter.com/EsVpT924wT
— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) July 21, 2023