ДАЛИ ЌЕ ИМА МЕРКИ ЗА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ? Дурмиши ќе го информира премиерот што покажале анализите
Премиерот вели дека завршена е постапката за репрезентативноста на синдикатите и дека нема пречки да се одржи седница на Економско-социјалниот совет.
Владата не одлучувала какви мерки ќе преземе во однос на цените. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе разговара со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши околу ова прашање.
Премиерот информира дека ќе разговараат и државната потрошувачка кошница и за синдикалната репрезентативност.
-Немам информации дека се при крај мерките за кошничката или ограничување на маржите. По овој настан имам состанок со министерот за економија и труд со кој ќе разговараме за тоа што е она кое треба да го преземеме во периодот што следи соодветно на анализте кои ги направивме – изјави денеска Мицкоски.
Според него, завршена е постапката за репрезентативноста на синдикатите и дека нема пречки да се одржи седница на Економско-социјалниот совет.
– Комисијата што треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите ја заврши својата работа. Доколку е тоа така тогаш не гледам причини и покрај тоа што се одмори да не одржиме состанок. Мислам дека до крајот на месецот ќе се одржи состанок на ЕСС – рече Мицкоски.