ДАЛИ ЌЕ ИМА КРИВИЧНА ПРИЈАВА? Полицијата се вклучи во расчистување на случајот со Пецаков

Градоначалникот на Охрид вели дека ПЦР правел за патување во странство, а од друга страна, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова, за неколку медиуми изјави дека Пецаков морал да се изолира додека го чекал тестот.

739

СВР Охрид во координација со Центарот за јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој добил позитивен наод на тест за ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше, соопштија за МИА од Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека по расчистувањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено, како што јави МИА, на повтореното тестирање резултатите биле негативни.






И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

Од друга страна, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова, за неколку медиуми изјави дека Пецаков морал да се изолира додека го чекал тестот.

Поврзани содржини