Дали ќе има карантин за Сарај, Чаир, Аеродром…?

Денешниот биланс покажа дека во сарај има најмногу заболени во Крушопек, Буковиќ и Сарај.

3,711

Во последните 24 часа направени се 1.120  тестирања, а регистрирани 35  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје- 22, Куманово -4,  Тетово-6,  и по еден во Штип ,Струга и Гостивар.

Во Скопје најголем дел од заразените се дури 6 се  од Чаир, додека по двајца има во општините  Сарај,  Аеродром, Илинден, Бутели и Шуто Оризари, Студеничани и Сопиште по еден заболен.






Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери,  за Телма вели дека во општина Сарај се познатие сите кластери, ги има 4 до 5. Најмногу заболени има во селата Крушопек, Буковиќ и Сарај, а сите заболени досега соработувале во откривање на контактите.

Ваквото зголемување на бројот на заболени во скопските општиние и Тетово, ги наведе здравствените власти да размислуваат за воведување поригорозни мерки во овие општини, а не е исклучен и карантин, кој се покажа како успешен во случајот на Дебар.

–  Што се однесува до скопските општини малку е попроблематично и поспецифично да се изведе нешто такво, зошто Дебар е друг случај. Дебар беше посебна општина, малку поинаку локализирана. Oпштините како што се Сарај, Чаир, Гази Баба, мислам дeка е многу тешко таква една операција. Но тоа не зависи од нас, за тоа сигурно треба да одлучуваат други институции – вели директорот на  ИЈЗ  – Арбен Зибери.

Поврзани содржини