ДАЛИ Е ДОБРО ДА СЕ ЗЕМААТ КРЕДИТИ? Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50%

Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98% и била пониска на месечно и годишно ниво. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак,  е зголемена на 2,46%. 

363

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март се намали за 0,02 процентни поени и изнесуваше 5,50%, додека на годишно ниво е забележано зголемување од 0,02 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80% и забележа месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., информира Народната банка.

Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98% и била пониска на месечно и годишно ниво. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак,  е зголемена на 2,46%.






Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се намалила на 5,35%. На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п.

Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. на 2,12%.

Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. на 2,52%. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п.

Поврзани содржини