ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ЛИЗГАШ НА БАЈКАЛСКО ЕЗЕРО? Многумина се исплашени, се гледа дното, мразот пука под нозетe! (ВИДЕО)

Пукањето на мразот е нормална појава. Мразот пука поради внатрешниот притисок, бидејќи се шири при замрзнување - изјави трет корисник на Редит, додавајќи дека воздушноста на мразот ја потврдува неговата сила.

569

Корисниците на американската социјална мрежа Редит беа изненадени од видеото на кое под нозете на лизгачите се слуша пукање на мраз на замрзнатото Бајкалско Езеро.

Лицата кои коментираа под видеото најмногу ги интересираше колку е безбедно да се лизга на таков мраз.






– Зошто го сечете со лизгалки кога вака пука? прашал еден од корисниците.

– Дали тој човек е храбар или луд? – напиша друг.

Во коментарите им се придружија подобро информирани луѓе кои рекоа дека е сосема безбедно да се лизга на замрзнатото Бајкалско Езеро.

– Пукањето на мразот е нормална појава. Мразот пука поради внатрешниот притисок, бидејќи се шири при замрзнување – изјави трет корисник на Редит, додавајќи дека воздушноста на мразот ја потврдува неговата сила.

И четврт корисник го сподели своето искуство.

– На таков мраз можете да скокате, па дури и да возите автомобил. Тој е подебел отколку што мислите – објаснил тој.

Повеќето луѓе беа воодушевени од снимката.

– Звучните ефекти се нереални – смета петтиот корисник.

– Тоа е музика за моите уши – изјавил шестиот корисник.

Освен тоа, некои дури и го споредија пукањето на мразот со звуците што ги емитуваат ласерите во филмот „Војна на ѕвездите“, како и со младенчињата алигатори.

 

Поврзани содржини