Еден британски експерт за здравство објасни дека сексот во добата на коронавирусот е безбеден сè додека не биде премногу боемски, вклучува само две личности, од кои едната не е бремена, а учесниците немаат повеќе од 70 години и не се болни, и секако не се заразени со коронавирус.
Зборуваме за секс, а малку работи се познати како вирусот се шири кога луѓето мешаат телесни течности.
Кога станува збор за другите сексуални преносливи болести, знаеме дека кондомот е најдобар начин за заштита, но дали тој може да нѐ заштити и од коронавирусот?
Секс со личност која е заразена со коронавирус, или се наоѓа во карантин по излекувањето не смеете да имате, предупредуваат лекарите. Заразата со коронавирусот може да има фатални последици, без разлика дали во текот на сексот користите кондом или не. Општата препорака на лекарите е здравите личности да избегнуваат контакт со заразените.
Пол Хантер, професор по медицина на британскиот универзитет Ист Англија, рекол дека во повеќето домаќинства, водењето љубов не би требало да претставува проблем во времето на коронавирусот.
– Ако немате никакви симптоми, а се придржувате на социјална дистанца, нема причина зошто да не практикувате секс со партнерот со кој живеете – рекол Хантер.
Сепак, тој предупредува дека „ако сексуалниот живот е поопуштен и ако притоа доаѓате во контакт со неколку или повеќе други луѓе“, се советува да се воздржите од сексуални односи.
Хантер истакнал дека избегнувањето на секс со повеќе луѓе е особено важно за ризичните групи, како што се луѓе над 70 години, лицата со здравствени проблеми и бремените жени.