ДАЛИ ДОМАТИТЕ, КРАСТАВИЦИТЕ И ПИПЕРКИТЕ ГИ ЧУВАТЕ ВО ФРИЖИДЕР? Експертка тврди дека на овие намирници местото им е на собна температура
Можеби ќе се изненадите, ама експертите советуваат доматите, краставиците, па дури и јагодите и уште некои очекувани и неочекувани намирници, да не се чуваат во фрижидерот
Организацијата при купувањето на намирниците и нивното соодветно складирање се неопходни за да се одржува свежината на храната што подолго, а количината на фрлена храна да биде сведена на минимум. Според Феј Лорд, која зборува за Express.co.uk, овие намирници не треба да ги чуваме во фрижидер:
Авокадо
Според Феј, ниските температури го забрзуваат процесот на зреење, што ќе го направи авокадото кафеаво и ќе го изгуби својот вкус. За совршено авокадо, треба да го чувате во корпа со овошјето.
Босилек
Оваа билка никогаш не треба да се чува во фрижидер. „Не правете ваква грешка“, предупредила Феј. „Тоа предизвикува босилекот побрзо да венее, што значи дека ќе мора да го фрлите пред да имате шанса да уживате во него. Чувајте го на кујнскиот пулт за да уживате во неговата свежина што е можно подолго.
Повеќе за ована порталот „Арт кујна“.