ДАЛИ ДЕЦАТА СЕ БЕЗБЕДНИ НА ПАТ ДО УЧИЛИШТЕ? Полицијата исклучи 23 возила од сообраќај поради неисправност (ВИДЕО)

Како што информира МВР, по документирање на случаите против сите одговорни лица кои сториле каков било прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен прекршочен или кривичен поднесок.

149

Припадници на МВР вчера исконтролира 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации и од сообраќај исклучила 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности.

– За време на контролата спроведена на целата територија на државата во периодот од 06.30 до 09.30 часот, утврдени се 24 кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести – се вели во соопштението.






Како што информира МВР, по документирање на случаите против сите одговорни лица кои сториле каков било прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен прекршочен или кривичен поднесок.

Поврзани содржини