ДАЛИ ДАУНОВИОТ СИНДРОМ МОЖЕ ДА СЕ ЕЛИМИНИРА? Најсовремената технологија за уредување на гени би можела да го искорени екстра хромозомот

Најсовремената технологија за уредување гени би можела да го искорени Дауновиот синдром, посочуваат научниците од Универзитетот Меји во Токио, Јапонија.

85

Научниците во Јапонија користеле технологија за уредување на гени кај човечки клетки одгледувани во лабораторија, за да го отстранат дополнителниот хромозом кој е одговорен за Дауновиот синдром.

Во истражувањето, предводено од д-р Рјотаро Хашизуме од Универзитетот Меји, користеле CRISPR-Cas9 за да го таргетира хромозомот трисомија 21, кој е основната причина за Дауновиот синдром и се јавува кај 1 од 700 раѓања.






Дауновиот синдром, којшто причинува различни развојни попречености и влијае на милиони деца ширум светот, е предизвикан од присуството на дополнителна копија од 21-от хромозом.

Овој дополнителен хромозом, познат и како „трисомија 21“, предизвикува клетките да бидат преактивни, така нарушува повеќе телесни процеси и може да доведе до препознатливи физички одлики, тешкотии во учењето и здравствени проблеми.

Новото истражување, објавено во научното списание „ПНАС Нексус“ (PNAS Nexus), посочува дека, со користење на технологијата за ДНК-уредување, позната како КРИСПР (Групирани регуларно распоредени кратки палиндромични повторувања / ‘Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats’ – CRISPR), можно е да се отстрани непотребниот дополнителен хромозом од засегнатите клетки и да се врати нивната нормална функција, објаснуваат научниците.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини