Дали боли ова? Ева Мендез шокираше со бизарниот третман за убавина ФОТО

1,094

Убавата холивудска актерка Ева Мендес (46) покажа на каков начин ја одржува младоликоста, така што понекогаш за потребите на убавината, се подложува и на малку бизарни методи.

Имено, актерката објави како изгледа третманот за убавина на кој неодамна се подложила, кој вклучува седум долги игли вбризгани под кожата на нејзиниот врат.






Во описот Ева открила дека нејзината пријателка отворила салон за убавина и дека резултатите од третманот ќе ги сподели со обожавателите.

„Ова е моето омилено место за убавина каде што ги правам сите третмани. Ова е место каде можете да се опуштите далеку од дома, додека козметичарите ве мачат со третмани. Моето среќно место. Пробав третман со мезонити. Бог да ми помогне! Ќе ве известам за резултатите“, напиша актерката под фотографијата.

„Дали боли?“, ја прашал еден од нејзините следбеници на Инстаграм, а Ева наскоро одговорила:

„Не навистина. А, и мојот праг на толеранција на болка е навистина низок“, напишала актерката.

Сепак, другите следбеници признаа дека воопшто не им било пријатно да ја гледаат таа фотографија.

Станува збор за методот мезонит, неоперативен лифтинг на лицето. Овој метод вклучува специјално дизајнирани разградливи влакна за кревање, подмладување и затегнување на кожата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини