ДАЛИ БИ ГО НОСЕЛЕ Викторија Бекам дизајнираше џемпер кој предизвика многу контроверзии (ФОТО)
Со оваа креација, Викторија Бекам излезе од досегашната рамки.
Поранешната пејачка, а денес одлична модна дизајнерка, Викторија Бекам, „излезе“ од очекуваните креации и создаде нова „димензија“ на џемпери.
Викторија е подготвена за есента, па ја претстави новата колекција, каде што можеме да видиме што ѝ го привлече вниманието за новата сезона.
Таа е многу фокусирана и малку отстапува од кроевите на кои им е верна. Затоа нѐ изненади новиот модел на џемпер што го пласираше, а можеме да го окарактеризираме како многу смел.
View this post on Instagram
Имено, таа дизајнирала џемпер-ролка кој однапред е целосно отворен. Ваков отвор навикнати сме да гледаме на летните колекции, но не и на есенските. Овој модел го искомбинирала со панталони со машки крој, со што останува верна на својот добро препознатлив стил.
„Направен за сиви денови. Ќе го носам следниот пат“, напишала Викторија во коментар на фотографијата.
Новата креација на џемпер дефинитивно никого не остави рамнодушен, па во коментарите имаше контроверзија дали е погоден за носење, убав и практичен.
Како ви се допаѓа? И дали е во ред да се оди подалеку од класичната есенска гардероба во одредени прилики?
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм