🎥 ДАЛИ БЕШЕ УПОТРЕБЕН ЗВУЧЕН ТОП ПРОТИВ СТУДЕНТИТЕ ВО СРБИЈА? Полицијата негира, студентите обвинуваат дека врз нив се користело забрането оружје

МВР никогаш не користело, ниту користи средства кои не се предвидени со закон. Полицајците денеска и покрај нападите врз нив, не ги извадија ниту палките, а камоли да употребат незаконски средства, соопшти српското МВР.

1,279

Не е употребен звучен топ на протестите во Белград, соопшти српското МВР по тврдењето на студентите во блокада и на опозицијата дека звучен топ бил употребен кај СКЦ во моментот кога протестантите со молчење им оддаваа 15-минутна почит на жртвите од несреќата со натсрешницата во Нови Сад.

„Министерството за внатрешни работи најодлучно ги демантира информациите што се појавија во некои медиуми дека на вечерашниот протест бил употребен звучен топ. МВР никогаш не користело, ниту користи средства кои не се предвидени со закон. Полицајците денеска и покрај нападите врз нив, не ги извадија ниту палките, а камоли да употребат незаконски средства“, соопшти српското МВР.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од моментот за кој студентите тврдат дека е напад со недозволено оружје. За среќа, не настана стампедо меѓу масата луѓе.

Лидерот на движењето „Срце“, Здравко Понош, на Икс напиша дека на протестот во Белград вечерва бил употребен звучен топ.

„Употребивте звучен топ. Пукавте во граѓаните додека тие тивко им оддаваа почит на жртвите на вашиот режим. Човеку, пукаше во луѓето што мирно протестираат. Не можеше да издржиш. Ова е вашиот мир, стабилност“, напиша Понош.

 

 

Студентите на ФОН во блокадата најавија дека „режимот го вклучил звучниот топ“.

 

Поврзани содржини