ДАЛИ АПАНАЖИТЕ ОД 2.500 ЕВРА ЗА КОВАЧЕВСКИ И ЗА СПАСОВСКИ СЕ НЕЗАКОНСКИ? Уставниот суд го укинал тоа право за функционери кои дале оставки

На 1.март 2003 година Уставниот суд го укина член 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица, од што следува дека на тие функционери што поднеле оставка или се разрешени не им следуваат правата од член 19, значи ни правото на апанажа.

981

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски побарале и добиле право да земаат апанажа во висина од околу 2.500 евра, јави Блумберг Адриа.

Пред десетина дена, во речиси празната сала „Борис Трајковски“, дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата.






Според законот надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата. Со контроверзната одлука на Уставниот суд кој одлучуваше за платите на фукционерите со кои им се зголемија за неверојатни 78%, Коцачевски ќе добива 156.482 денари, а Спасовски 153.037 денари месечно.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Според правниците одлуката да им се додели апанажа на овие двајца функционери е дискутабилна, со оглед на тоа што и двајцата поднесоа оставки на своите функции пред истекот на мандатот, за да биде избрана тнр. Пржинска или техничка влада, 100 дена пред изборите.

Имено, на седница одржана на 1. март 2023 година, решевајќи по иницијатива на адвокатот Ѓорѓија Ќатоски од Струга Уставниот суд донел одлука со која се укинува член 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (последна верзија од 2008 година).

Според овој член 22 се предвивудваше функционерите кои дале оставка или се разрешени од функцијата, да ги имаат истите права како и тие што го довршиле својот мандат. Овие права се регулирани со друг член 19, од истиот закон. Во овој член е регулирано и правото, висината и должината на надоместокот за функционерите по престанокот на функцијата, односно тнр. апанажа. Со укинување на член 22 следува дека на тие функционери што поднеле оставка или се разрешени, не им следуваат правата од член 19, значи ни правото на апанажа. Останува отворено прашањето дали оставката на целтата влада, каков што беше случај со спроведувањето на Пржинскиот договор, се смета како престанок на функциојата поради оставка, што значи дека на тие функционери не им следува апанажа.

Според Димитар Апасиев, претседател на партијата Левица и професор по право, нема сомнение дека на Ковачевски и на Спасовски не им следува апанажа, затоа што функцијата им престанала поради оставка.

Левица ја повика Комисијата за прашања на изборите и именувања да ја ревидира својата одлука

„Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање оставка од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите немаат правен основ за остварување на правото на исплата на апанажа!

Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка“ – се вели во соопштението на Левица.

Поврзани содржини