Дали Америка ќе влезе во нуклеарна војна за Македонија?

Колективната безбедност, сепак е само теоретски систем на организација на силата во светската политика. Во тој теоретски модел секоја држава членка на сојузот и ја гарантира безбедноста на секоја друга држава. Што би се случило во стварноста, кога е во пршање нуклеарната војна, подобро никогаш да не дознаеме.

2,948

Сите помали држави  членки на НАТО се колнат во колективната безбедност која им ја пружа организацијата. Ако бидат нападнати, сојузниците ќе им пристапат на помош. Хипотетички: Русија врши инвазија на Македонија или на Словачка, да речеме, кои ги заштитува членот 5 од повелбата на Алијансата. Ќе значи ли тоа автоматски почеток на нуклеарна војна меѓу Америка и Русија? Еве ја вистината за колективната безбедност како им ја објаснував на моите студенти.

Развојот на воената технологија последниве седумдесет години влијае врз концептот на колективната безбедност. Имено, има мислење дека овој концепт е замислен за едно минато време. Тоа е време на класични армии со конвенционално оружје, кога на подготовките за агресија на една држава, преку мобилизација на нејзините економски и воени ресурси, и се спротиставува соодветна колективна акција на членките на сојузот. Таа акција, пак, која го соочува потенцијалниот агресор со здружената моќ на сојузниците може да го одврати агресорот од своите намери. Имено, координираните подготовки за воени операции на сојузниците, заедно со мерките за економски бојкот, може да го одврати агресорот од своите намери.






Дали, денес, во времето на ракетни проектили, атомски и хидрогенски бомби, заедно со бројни софистицирани машини за уништување, нешто е изменето, кога се работи за примената на концептот за колективна безбедност? Дали сили кои ги поседуваат овие оружја може да бидат застрашени од закани за колективна акција на членките на сојузот? Зашто, да не заборавиме, предноста на колективната безбедност е во спречувањето на светска војна преку колективна закана против потенцијалниот агресор. Таа претпоставува, во извесна смисла, бланко поддршка на секоја потенцијална жртва на агресија членка на сојузот. Меѓутоа, сето досегашно меѓународно искуство покажува на еден сериозен проблем.

Имено, политичарот сака да има одврзани раце во прагматичното проценување на карактерот на меѓународната криза, на последиците кои таа ќе ги има врз неговата држава и, се разбира, како тоа кореспондира со националниот интерес на неговата земја. Фактот дека државниците не се подготвени да ја жртвуваат внимателната анализа на секој конкретен случај за апстрактниот принцип наречен колективна безбедност не ги прави неморални како луѓе. Едноставно тоа е така.

Колективната безбедност, сепак е само теоретски систем на организација на силата во светската политика. Во тој теоретски модел секоја држава членка на сојузот и ја гарантира безбедноста на секоја друга држава. Што би се случило во стварноста, кога е во пршање нуклеарната војна, подобро никогаш да не дознаеме.

Поврзани содржини