ДАЛИ ЈАМАЛ МОЖЕ ДА БИДЕ КАКО МЕСИ? Флик вели дека талентот не е доволен

Потребно е да се вложи напор и работа за да се достигне нивото на играчи како Меси и Роналдо. Треба да останеме смирени и да му дадеме време да работи. Сигурни сме дека Ламин е подготвен да вложи напор и да оди уште подалеку, изјави тренерот на Барселона за шпанскиот репрезентативец.

275

Настапот на Ламин Јамал во полуфиналето на Лигата на шампионите предизвика нов бран на ентузијазам меѓу фудбалските фанови ширум светот. Шпанскиот репрезентативец стана центар на споредби со некои од најголемите имиња во фудбалот, вклучувајќи го и Лионел Меси.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска ја најави пресметката со Валјадолид, а новинарите го побараа неговото мислење за иднината на Ламин.






– Кога еднаш ќе покажете таков нивото на игра, треба да го потврдите и повторно. Не станува збор само за еден натпревар, а сигурен сум дека Ламин има потенцијал да напредува уште повеќе. Не е доволно да бидете само гениј, да го имате талентот. Потребно е да се вложи напор и работа за да се достигне нивото на играчи како Меси и Роналдо. Треба да останеме смирени и да му дадеме време да работи. Сигурни сме дека Ламин е подготвен да вложи напор и да оди уште подалеку – изјави Флик.

Поврзани содржини