ДАЛИ ЈАДЕТЕ БРЗО ИЛИ БАВНО? Брзото јадење го запира ослободувањето на хормони кои му кажуваат на мозокот кога е стомакот полн

Истражувањата покажаа дека луѓето кои само брзо ја голтаат храна се прејадуваат почесто од оние кои јадат побавно. Треба да се има предвид дека варењето започнува во устата и дека храната треба добро да се џвака пред да се проголта.

411

Многу се зборува за тоа дека освен што треба да се внимава што се јаде, треба да се внимава и како се јаде. Јадете побавно, промислено и без гледање телевизија, што ќе влијае и на слабеењето, велат експертите.
Новата студија објавена во „BMJ Open“ открива дека луѓето кои полека јадат имаат тенденција да имаат помала тежина. А забавувањето на внесот на храна со текот на годините се чини дека им помогнало да ослабат.
Ако јадете брзо, не само што го отежнувате варењето, туку и наталожувате килограми. Истражувањата покажаа дека луѓето кои само брзо ја голтаат храна се прејадуваат почесто од оние кои јадат побавно. Треба да се има предвид дека варењето започнува во устата и дека храната треба добро да се џвака пред да се проголта.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини