Дали ја забележавте големата промена во имиџот на Доналд Трамп по изборите?! ФОТО

1,059

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи откако се појави на прес-конференција во петокот за да ја коментира ситуацијата со вакцината против коронавирусот.

Познат по својата руса зачешлана коса, Трамп изненади многумина појавувајќи се со боја на коса која изгледа природно за неговата возраст, и е целосно бела.






Трамп не ја коментираше својата фризура, но многу корисници на социјалните мрежи не ја пропуштија оваа промена.

„Дали само јас го забележав ова? Косата на Трамп стана бела за една недела. Тажно“, напишала една корисничка на Твитер.

Друга додала дека Доналд го напуштил стручњакот за боење на косата.

„Дали некој сака да зборува за тоа како косата на Трамп е одеднаш бела како лист хартија“, гласи друг коментар.

Русата коса на Трамп е негов заштитен знак откако започна да работи како инвеститор во Њујорк.

Американските медиуми многупати пренесоа дека за време на снимањето на реалното шоу „Приправник“, претседателот побарал од данокот да му се одземат 70.000 долари што ги потрошил за нега на косата.

 | Autor : Twitter

 | Autor : Twitter

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини