Дали ја препознавате? Оваа актерка 6 години по ред е прогласувана за најубава жена на светот! ФОТО

1,469

Многу актери често за потребите на улогите толку многу се трансформираат, така што тешко може некој да ги препознае.

На нивните лица можат да се видат различни сценски маски кои што сигурно им е тешко да ги носат на сетовите…






И прекрасната Мишел Фајфер понела специфична маска за потребите на улогата во филмот „Stardust“ од 2007 година, кога ја толкувала улогата на вештицата Ламиа која што има дури 5.000 години.

„Преобразба во Ламиа. Мислам, погледнете ја оваа уметност. Ѝ благодарам на талентираната екипа која што ме направи со толку застрашувачки изглед“, напишала неодамна 62-годишната актерка Мишел на социјалната мрежа Инстаграм покрај неколкуте фотографии кои што ги споделила на кои што навистина изгледа непрепознатливо.

За да ја постигнат таа трансформација шминкерите морале да ја шминкаат подолго од четири часа секој ден, а нејзината коса била сокриена под силиконската навлака, а потоа ѝ била ставена седа перика.

Меѓутоа, иако цел свет со децении ја доживува како убавица, Мишел своевремено открила дека не било отсекогаш така.

– Во детството одев како патка и имав огромна уста. Ме нарекуваа каллива желка – открила таа.

Актерката која што шест години по ред е прогласувана за една од најубавите жени на светот вели во младоста воопшто не се чувствувала убаво.

– Единствено што денес ми е важно е да стареам со достоинство, онака како што природата налага. Не сакам да изгледам затегнато како некоја восочна фигура – истакнала Мишел Фајфер.

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини