ДАЛИ 100.000 ЛИЦА СО ИСТЕЧЕНИ ДОКУМЕНТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСААТ НА ИЗБОРИ? Џафери најде член по кој може да се внесат во избирачкиот список

Владата донесе заклучок, МВР до следната седница на Владата да достави прецизни информации на колкумина од овие лица им се веќе истечени или ќе им истечат личните документи во периодот од девет месеци до денот на изборите на 24 април 2024 година, односно до денот на изборите на 8 мај 2024 година.

554
Околу 100.000 лица на кои им е истечен рокот на личните документи најверојатно ќе бидат внесени на избирачкиот список и ќе може да го остварат своето гласачко право на претстојните претседателски и парламентарни избори.





Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата во однос на Извештајот на МВР што се однесува на околу 100.000 лица со истечени документи, доставен на барање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, а со цел да се разгледа можноста околу реализација на нивното гласачко право на претстојните претседателски и парламентарни избори.
„Владата донесе заклучок, МВР, до следната седница на Владата да достави прецизни информации на колкумина од овие лица им се веќе истечени или ќе им истечат личните документи во периодот од девет месеци до денот на изборите на 24 април 2024 година, односно до денот на изборите на 8 мај 2024 година.
Заклучокот, како што посочи премиерот Талат Џафери, произлегува од последните измени и дополнувања на Изборниот законик, во делот на преодни и завршни одредби, членот 38, каде што е дадена можноста во 2024 година овие лица да може да се внесат во избирачки список“ – информираат од владината прес-служба.
Поврзани содржини