ДАЛЕ КОНЦЕСИИ ЗА МАЛИ ЕЛЕКТРАНИ И ГИ ПОТРОШИЛЕ ПАРИТЕ Сега новата влада треба да најде решение за револтот на граѓаните
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека решение ќе се бара низ конструктивен дијалог со концесионерите и граѓаните.
Проблемите кои настанаа со издавањето на концесии се наследени и ќе ги решаваме низ дијалог сио засегнатите страни, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање дали владата има намера да воведе освен елаборат уште и студија за влијание врз екологијата.
Тој рече дека оваа влада нема идадено концесија ниту за мали ниту за големи хидроелектрани, но претходната влада освен што дала концесии ги потрошила и парите дадени за нив.
– Тоа што во јавноста е присутно како дебата е наследено од минатото. Тоа е резултат на тендер кој некогаш го организирало Министерството за животна средна и просторно планирање и за тоа наплатиле концесија на потенцијалниот концесионер. Тие пари влегле во буџетот и ги потрошиле исто како и солидарниот данок, рече премиерот Мицкоски.
Тој се осврна на правото на сопственост и посочи дека тоа е апсолутно и неприкосновено и, како што рече, има незадоволни активисти за животната средина и мештани.
– Мислам дека низ еден конструктивен дијалог треба да се најде решение, а вистината е секогаш помеѓу. Ние како Влада сме подготвени да работиме во насока на креирање на решенија, не на проблеми. Но, ќе потенцирам тоа е наследена состојба од минатото којашто треба да ја решаваме исто како и многу други работи – рече Мицоски.