ДАЛА 300.000 ДЕНАРИ ЗА ДА ГИ СПАСИ ОД ЗАТВОР ВНУКОТ И СНААТА Потоа дознала дека е измамена

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа - прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор, требало да плати

535

Скопјанка на возраст од 91 година, вчера во 15 часот во СВР – Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа – прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор, требало да плати.






Таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа, сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини