ДАЛ ДА ПЛАЧЕШ ИЛ ДА СЕ СМЕЕШ Индија истрела ракета кон Пакистан, ама тврди дека било случајно
„За време на рутинско одржување, технички дефект доведе до случајно истрелување на проектил“, соопшти индиското Министерство за одбрана, без да го прецизира типот на проектилот.
Индиската армија соопшти дека случајно истрелала проектил кон Пакистан, јавија некои светски агенции.
Индиското Министерство за одбрана истакна дека изразиле „длабоко жалење“ поради тоа.
„За време на рутинско одржување, технички дефект доведе до случајно истрелување на проектил“, соопшти индиското Министерство за одбрана, без да го прецизира типот на проектилот.
Во инцидентот нема жртви.