ДАФИНА СТОЈАНОСКА ГО ПАРЧОСА ПРЕДЛОГОТ На самиот почеток од седницата, пратениците отидоа на пауза

Таа го нарече срамен предлогот што им се нуди на пратениците, потенцирајќи дека мнозинството од народот е против.

1,221

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, го искина предлогот произлезен од Француското претседателство со ЕУ, обраќајки се од собраниската говорница на самиот старт на 81. седница на македонското Собрание.

Таа го нарече срамен предлогот што им се нуди на пратениците, потенцирајќи дека мнозинството од народот е против. Исто така посочи и дека Собранието не е надлежно за извештајот, туку Владата на тој начин се обидува да побара алиби.






– Сакам уште едно да ви порачам ниту еден документ кој што вие би го потпишале, изгласале или протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ. Затоа колку сакате обидувајте се овде денес да правите и да кажувате дека сте демократи и транспарентни, дека сте со европски вредности, јас можам само едно да ви порачам дека овој лажен документ не е документ по кој што ние денес ќе расправаме. Јас тука пред вас ќе го искинам и се надевам и посакувам дека овој звук на кинење на парче хартија додека сте живи ќе ви ги пара ушите што имате и душите што ги немате – им порача Стојаноска на пратениците од мнозинството.

На крајот таа побара пауза, што претседателот на Собранието Талат Џафери го прифати, најавувајќи дека седница ќе продолжи во 16 часот.

Пред македонските пратеници е Извештајот од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, предложен од Француското претседателство на Унијата.

Поврзани содржини