📽️ „ДАДОВ КОШ НАЗАДЕЧКИ, ПРАВЕТЕ СКЛЕКОВИ“ Дончиќ го доби облогот со своите тренери пред мечот со Сан Антонио спурс
Тој свртен со грб кон кошот успеа со една рака да погоди од половина терен, а по загубениот облог тренерите на франшизата од Тексас мораа да прават склекови.
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше феноменален изминатата ноќ каде со трипл-дабл учинок го водеше својот Далас маверикс кон убедлив триумф против Сан Антонио спурс од 144-119.
Сепак, тој и пред мечот имаше свое шоу, откако доби обложување со своите тренери. Дончиќ со нив често се обложува дека може да изведе неверојатни потези, а оваа ноќ тоа и му успеа.
Тој свртен со грб кон кошот успеа со една рака да погоди од половина терен, а по загубениот облог тренерите на франшизата од Тексас мораа да прават склекови.
First try 🪄@luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/MGznTxL2Aj
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 24, 2023