ДА ЗАПРЕ БЕТОНИЗИРАЊЕТО И ГРАДЕЖНОТО ДИВЕЕЊЕ ВО МАВРОВО „Спас за Маврово“ бара поделба на општината Маврово Ростуше
Од иницијативата „Спас за Маврово“ велат дека Маврово треба да се одвои од општина Ростуше, бидејќи целиот приход кој што го собира општината се вложува во Ростуше, а со ова темпо велат, од Маврово нема ништо да остане.
Жители од мавровските села Леуново, Никифорово, Маврово и Маврови Анови и сопственици викендичките околу езерото денеска со протест побараа враќање на општината Маврово, прогласување на туристичка општина Маврово и најмалку двегодишен мораториум за градба околу езерото.
Тие забележуваат дека општината не реагира на бетонизацијата на Националниот парк, градежното дивеење, дивоградбите, проблемите со снабдувањето со вода и струја, нередовното собирање на ѓубрето, загадувањето на Мавровско Езеро, како и на неконтролираното сечење на шумата.
Жителите бараат итно да запре урбаното дивеење и бетонирање, да се стопира продавањето на државното земјиште и националните природни богатства, како и итно да се изработи урбанистичка планска документација за целиот крајбрежен појас и селата околу Мавровското Езерото.
Тие упатија апел до оваа и до сите наредни влади да не се осмелуваат да го донесат законот за легализација на бесправните објекти во овој регион.
-Градежниот инспекторат од општина, да го спроведе решението за рушење на деветте дивоградби во рамки на „Радика ресорт“. И покрај добиено извршно решение Радика продолжува со градба, да се направи ревизија на сите градби околу Мавровско Езеро – велат од Иницијативен одбор „Спас за Маврово“.
Од иницијативата велат дека Маврово треба да се одвои од општина Ростуше, бидејќи целиот приход кој што го собира општината се вложува во Ростуше, а со ова темпо велат, од Маврово нема ништо да остане.