ДА за лук против висок притисок, ама НЕ за 30 чешниња дневно

За да го превенирате високиот крвен притисок можете да консумирате дневно околу 1 грам лук. Но ако веќе имате проблеми со хипертензија, само со консумирање на лук нема да успеете целосно да го намалите крвниот притисок затоа што според стручњаците за такво нешто е потребно секојдневно да се јадат 30-тина чешниња лук. Наеднаш!

1,340

Супстанцијата по која е најпознат лукот е алицинот. Освен што му дава специфичен мирис, алицинот служи и за редуцирање на маснотиите кои се собираат на ѕидовите на артериите. Имено, тој ја блокира активноста на ангиотенсинот, што ја спречува непосакуваната контракција на крвните жили и растот на крвниот притисок. Токму затоа лукот е совршен за здравјето на вашето срце и крвните жили. Бројни истражувања покажале дека е делотворен кај оние што имаат што покачен притисок.

Како да се консумира лукот?






Најдобро би било да се консумира во свеж облик. Кога кога ќе го здробите или исечкате, од лукот се испушта споменатиот алицин. Неговото делување се намалува со староста на лукот или со третирањето на лукот на високи температури. Алицинот е познат како прилично нестабилен спој заради што и не е достапен во чист облик како суплемент.

Дозата на лукот – варира

Повеќето чешниња тежат околу 3 грама. За да го превенирате високиот крвен притисок можете да консумирате дневно околу 1 грам лук. Секако, би требало да се консултирате со вашиот лекар околу количината на дневната доза на лук, особено ако користите некои лекови. Само со консумирање на лук нема да успеете целосно да го намалите крвниот притисок затоа што според стручњаците за такво нешто е потребно секојдневно да се јадат 30-тина чешниња лук. Наеднаш!

Наместо тоа, постои алтернатива, а тоа е лукот во таблети или капсули. Меѓутоа, доколку не ви пречи прилично специфичниот па и непријатен мирис на лукот, и секако, ако тоа не им пречи на тие околу вас, дајте им предност на благодатите на свежиот лук.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини