Да виду, па не верују!

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

1,378

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 16.09.1998 година)

За раз­ли­ка од Ма­ке­до­ни­ја, што се оби­ду­ва да ли­чи на Ев­ро­па, па не доз­во­лу­ва ле­пе­ње из­бор­ни пла­ка­ти над­вор од оп­ре­де­ле­ни­те мес­та, во Гр­ци­ја не са­мо што се­кој ги ле­пи кај што ќе вта­са, ту­ку и драс­ка со спреј кај што са­ка и што са­ка. Та­ка, пред по­след­но­во до­а­ѓа­ње на ПА­СОК на власт, во Со­лун, кај и да мрднев, на­ле­ту­вав на збо­рот „ала­ги”, ис­пи­шан со цр­вен спреј. Ала­ги, па ала­ги, во мал ми­ли­он ва­ри­јан­ти! От­ка­ко не ми ус­пеа, во за­вис­нос­т од кон­тек­стот, да го от­кри­ја­м зна­че­ње­то на тој по­пу­ла­рен збор, пра­шав и ко­неч­но дознав де­ка „ала­ги” зна­чи „про­ме­на”. Де­мек, ис­то ка­ко кај нас де­но­ви­ве!






„За про­ме­ни” е мо­то­то на ко­а­ли­ци­ја­та во ко­ја учес­тву­ва и Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, па јас би мо­рал и са­ми­от до из­не­мош­те­нос­т да го пов­то­ру­ва­м овој ло­зу­нг, на­ви­вај­ќи за сво­ја­та стра­на. Па се­пак, иа­ко и са­ми­от сум за про­ме­ни (на по­доб­ро, се раз­би­ра!), иа­ко и са­ми­от на­ви­ва­м и ќе гла­са­м за про­ме­ни, ќе ре­чам, кол­ку и да не им се до­па­ѓа то­а на мо­и­те ак­ту­ел­ни пар­тис­ки со­јуз­ни­ци (и на они­е што са­ми­те си ги од­брав­ме и на они­е со ко­и ти­е от­по­сле нѐ за­ме­шаа), де­ка по ма­лу се сом­не­ва­м во гор­ли­ва­та жел­ба и под­гот­ве­нос­та на на­ши­от на­род за ко­ре­ни­ти про­ме­ни.

Да не ре­че не­кој де­ка да­ва­м „па­у­шал­ни из­ја­ви” ќе на­ве­да­м са­мо не­кол­ку при­ме­ри за на­ши­от (би ре­кол: ве­ќе по­с­ло­ви­чен) кон­зер­ва­ти­ви­зам! Пред не­кој ден са­кав неш­то да ку­па­м на па­зар. Го ви­дов то­а што ми тре­ба­ше и (за чу­до) пра­шав: „Кол­ку?” Од­го­во­рот бе­ше пет или де­сет ми­ли­јар­ди! „Не­ма­м тол­ку па­ри!”, пром­рмо­рев на­лу­те­но и му свр­тев гр­б на про­да­ва­чот. Тој за­лу­до ви­ка­ше по ме­не се­га ка­жу­вај­ќи ми ја це­на­та во де­на­ри.

Она што ме­не по­себ­но ме нер­ви­ра во овој (ина­ку се­кој­дне­вен) при­мер е фак­тот де­ка ста­ри­те за но­ви ди­на­ри бе­а за­ме­не­ти уш­те та­му не­ка­де во да­леч­на­та 1965 го­ди­на, ако не се ла­жам. (Де­ца­та ро­де­ни во та­а го­ди­на му се ре­чи­си врс­ни­ци на на­ши­от пре­ми­ер.) Во ме­ѓув­ре­ме се рас­пад­на и држа­ва­та што ги бе­ше сме­ни­ла ти­е ди­на­ри, Ма­ке­до­ни­ја ста­на су­ве­ре­на држа­ва и до­би соп­стве­на ва­лу­та со по­и­нак­во име, а на­ро­дот во не­а се­ед­но си сме­та ли сме­та, са­мо и единстве­но – во ми­ли­јар­ди, не­ба­ре се уш­те пла­ќа со ди­на­ри­те на СФРЈ. И се­га не­кој ќе ми ре­че де­ка тој ис­т на­род пла­чел за про­ме­ни. Ај­де, ви се мо­лам! Да ви­ду, па не ве­ру­ју!

Или еден при­мер во врска со ја­зич­на­та прак­ти­ка на на­ши­те елек­трон­ски ме­ди­у­ми! Да­ли не­ко­гаш сте чу­ле (ако раз­би­ра­те ан­глис­ки) не­кој да ка­же „the mister Clinton или (на францус­ки) „le monsieur Shirac” или пак (на гер­ман­ски) „der Негг Kohl. (Ги на­ве­ду­ва­м са­мо ја­зи­ци­те во ко­и по­сто­и член ка­ко и во ма­ке­дон­ски­от.) Ни­ко­гаш! Прос­то за­то­а што оз­на­чу­вај­ќи го не­ко­го со име­то или пре­зи­ме­то ви­е све­до­чи­те де­ка зна­е­те кој е тој, па не­ма пот­ре­ба од член. „Гос­по­дин” во чле­ну­ва­на фор­ма мо­же (и смее) да се упот­ре­би са­мо ко­га се збо­ру­ва за бе­зи­мен џентл­мен, што сме го ви­де­ле и го спо­ме­ну­ва­ме („Гос­по­ди­нот што пред ма­лу, вле­зе во би­фе­то…”, „Гос­по­ѓа­та во цр­но…”, „Гос­по­ѓи­ца­та со очи­ла…”).

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини