ДАЈТЕ САНКЦИИ, НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД САНКЦИИ Предлозите на Додик беа изгласани во Република Српска

Една од опциите за кои се залага Додик е формирањето на армијата на РС по распуштањето на Вооружените сили на БиХ, која постои од 2005 година врз основа на закон донесен во Парламентот на БиХ.

729

„Дајте санкции, не се плашам од санкции“.

Вака извикуваше денеска Милорад Додик, член на претседателството на БиХ кон своите колеги од опозицијата на бурната седница во парламентот на Република Српска.






Република Српска ги поддржа неговите предлози за повлекување на согласноста на ентитетот за голем број важечки закони во БиХ, кои опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуална војна.

49 од 83 пратеници во телото гласаа за заклучоците со кои Националното собрание на РС го повлекува одобрувањето на законите што ја регулираат одбраната и безбедноста, системот на индиректно оданочување и формирањето на Високиот судски и обвинителски совет, јавува Индекс.

Во заклучоците, исто така, се наведува дека владата на РС треба за шест месеци да предложи закони за регулирање на овие области на ниво на ентитети.

Една од опциите за кои се залага Додик е формирањето на армијата на РС по распуштањето на Вооружените сили на БиХ, која постои од 2005 година врз основа на закон донесен во Парламентот на БиХ.

Пратениците од опозицијата ја напуштија седницата пред гласањето, откако опозициските лидери го обвинија Додик за време на дебатата дека нуди опасни предлози кои можат да доведат до отворени конфликти во земјата.

Тој тврдеше дека РС има сила за неговите предлози, а проблем е опозицијата, која ја обвини дека шири дефетизам и е финансирана од трговците со дрога.

Пратениците од опозицијата не му останаа должни на Додик, па независниот Небојша Вукановиќ му порача веднаш да го направи она што претходно го најави, како блокирање на касарната на вооружените сили на БиХ и да не бега од тоа измислувајќи нови сценарија како демилитаризација.

– Ако сте Срби и патриоти, да одиме сега во војна – му порача Вукановиќ на Додик, по што Додик налутен ја напушти седницата.

Претставникот на Партијата за демократска акција (СДА) во Парламентот на РС, Сенад Братиќ гласањето за заклучоците предложени од Додик го оцени како напад на уставниот поредок на БиХ.

Опозициските политички партии во Федерацијата БиХ веднаш побараа итна реакција од меѓународната заедница.

Поврзани содржини