ДАЈТЕ НИ ГО ЕТНО СЕЛО ВО НЕРЕЗИ, НИЕ ЌЕ ГО ЗАЖИВЕЕМЕ! Стевче Јакимовски ја предизвикува Владата (ВИДЕО)

„Не е ли жално на толку вложени народни пари овој објект да биде затворен? Ако владата на Република Македонија не е подготвена да го стави објектот во функција, нека да го доделат на општина Карпош. Сакаме овој објект да го ставиме во функција, да биде во интерес да граѓаните на Карпош и на Скопје“, изјави кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош.

2,294

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска побара од Владата да го доделат комплексот Етно село во Горно Нерези на општината, ако не се способни самите да го стават во функција.

Јакимовски нагласи дека е жално да пропаѓа таков објект кој може многу да се искористи во интерес на граѓаните на Карпош, но и на целата држава. Со повторното враќање во живот на Етно село, не само што ќе се зголеми бројот на домашни и странски туристи во општината, туку и ќе придонесе за нови вработувања, истакна тој.






– Не е ли жално на толку вложени народни пари овој објект да биде затворен? Да не биде на туристичката мапа на Карпош, на Скопје и на Република Македонија? Педесетина луѓе да ги изгубат своите работни места? Ако владата на Република Македонија не е подготвена да го стави објектот во функција, нека да го доделат на општина Карпош. Сакаме овој објект да го ставиме во функција, да биде во интерес да граѓаните на Карпош и на Скопје. Да биде интересен објект за туристите кои што доаѓаат овде во нашиот град и во исто време да креираме нови педесетина работни места, вели Јакимовски.

 

Поврзани содржини