Дајте нешто за возврат, дајте одговорност и сработете нешто, или одете си веќе!
Ме разбирате ли, простаци, дали на ова ниво јазикот и дискурсот ви се нешто појасни?
Како викаат и Зоки и Филипче: Војна е за вакцините!
Е па ако е војна, вие генерали мизерно ја губите и војната и сите битки.
Видете, знаеме каква е оваа наша политичко-партиско социјална и субвенционирачка држава.
Знаеме дека архетипот е патерналистички, види го Зоки, види го Али, види го Грујо, види кој сакаш, иста муцка, иста глава.
Ако веќе е така, тогаш „татковината” и државата-татко, треба да обезбедат сигурност за своите деца/граѓани.
Довербата на народот ви е основата на секој легитимитет, да, тоа звучи примитивно и примордијално, но такви сте вие како лидери, тоа барате – тоа добивате.
Кога таа доверба ќе ослабне или ќе исчезне, ете како кризата на недоверба може да дојде до идентитеска криза: децата/стадото/граѓаните не знаат повеќе на кој авторитет да се обратат за заштита, не го препознаваат веќе патерналистичкиот авторитет, не се осеќаат повеќе ни како браќа, ни како (со)граѓани.
Гледате, вашата неспособност наместо на татко заштитник, создава слика на Левијатан убиец, татко кој не штити, туку загрозува, кој не е од доверба.
Партиите ќе се менуваат и коалициите на власт, но останува Државата таа која треба да обезбеди административни и логистички решенија за проблемите, која треба да ги обезбеди и модернизира и да им поврати функционалност на нашите здравствени и образовни структури, да најде пријатели надвор, да насочи нов циклус на економска и финансиска акумулација и редистрибуција, која земјата и народот би ги извадила од перманентната криза.
Вие не обезбедивте ништо од тоа, а премногу нė коштате и во пари и во здравје и во животи, за само да изигрувате татко-заштитник, кога наместо тоа сте само татко-насилник и силеџија кој краде од своите деца и својот народ.
Ме разбирате ли, простаци, дали на ова ниво јазикот и дискурсот ви се нешто појасни?
Доста минимизирате, бегате, ликвидирате и крадете.
Дајте нешто за возврат, дајте одговорност и сработете нешто, или одете си веќе.
Немате легитимитет ни авторитет повеќе.
(ФБ статус на авторот)