ДА СУМ ЗАЕВ, БИ ГИ ПРИФАТИЛ ОСТАВКИТЕ Меџити смета дека потегот на Филипче и Хасани е добар
„Во принцип е добро што поднесоа оставки од морален аспект. Ова покажува дека има демократски вредности и тоа се случува во демократските земји“, смета Меџити.
Пратеникот на ДУИ Изет Меџити денеска ги коментираше оставките на министерот за здравство Венко Филипче и на заменик министерот Илир Хасани, поднесени два дена по пожарот што ја пеплоса тетовската модуларна болница, а во кој загинаа 14 лица. Тој вели дека кога би бил на местото на премиерот Зоран Заев, би ги прифатил оставките, пренесува ТВ21.
– Да сум на местото на Заев, би ги прифатил оставките – рече Меџити и додаде дека во Собранието ќе го кажe своето мислење.
Во принцип е добро што поднесоа оставки од морален аспект, рече тој и додаде:
– Ова покажува дека има демократски вредности и тоа се случува во демократските земји.