Да сине, може да гледаш телевизија, ама во исто време и да трчаш (ВИДЕО)
Една мајка на ТикТок открила дека му дозволува на нејзиниот син да гледа телевизија само ако истовремено и оди по лента за трчање
Битката меѓу родителите и децата околу гледањето телевизија е бесконечна. Понекогаш е невозможно децата да се тргнат од каучот, па тие сѐ повеќе и повеќе седат, но една мајка нашла решение.
Таа објавила видео на „ТикТок“ во кое нејзиниот 11-годишен син оди по лента за трчање и зјапа во екранот пред него.
„Им дозволувам на децата да гледаат цртани филмови само ако одат по лента за трчање. Еден ден моето 11-годишно дете одеше 25 километри“, напишала таа.
Снимката собрала три милиони прегледи, но пристапот ги поделил мислењата на тиктокерите.
@txsalth2o #parentingtips #summerparent #parentinghacks #kidsexercisesathome
Додека едни сметаат дека идејата е генијална, други сметаат дека на децата треба да им се дозволи да се релаксираат пред ТВ.
„Ова е одлична идеја“, „Би сакала моите родители да ја практикуваа“, коментираат оние што го фалат нејзиниот метод.
„Нормално е да седиме пред ТВ и да се релаксираме. Не мора постојано да се движиме“, „Вашите деца еден ден ќе разговараат со психијатар за ова“, „Зошто децата не можат да бидат деца? Зошто тие треба да пешачат 10 милји за да гледаат телевизија?” вели друг.
Фото: ТикТок