Да се зголеми бројот на децата во градинките, се прават листи за вакцинација на ваботените

Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал, зашто ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција, рече министерката Шахпаска.

255

Министерството за труд и социјална политика од Комисијата за заразни болести побарала да дозволи дополнително зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките согласно постојната епидемиолошка ситуација. Дополнително до Комисијата и до Министерството за здравство  испратиле и списоци со лица кои не се вакцинирани против ковид-19 со цел да се направат листи на приоритети, со оглед на тоа што, како што истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, од голема важност е децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани, со што е намалена можноста за ширење на инфекцијата.

– Вакцинацијата како процес непрекинато се одвива. Најпрво, на почетокот во март голем дел од вработените се пријавија на нашиот повик за да бидат вклучени во процесот на вакцинација. Но, сега дополнително списоците со останатите вработени се испратени во Комисијата за заразни болести и во МЗ. Ние сме во дневна комуникација со нив околу правењето приоритети и важноста колку е значајно останатите вработени во градинките да бидат вакцинирани. Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал, зашто ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција – рече министерката Шахпаска.






Ние, додаде таа, испративме и допис до Министерството за здравство и во еден наврат ја зголемивме бројката наместо 15, 20 деца да бидат во групите.

– Сега испративме нов допис со оглед на епидемиолошката остојба во државата која е стабилна да може да се зголеми бројот на деца, секако со почитување на мерките за превенција од инфекција со коронавирусот – рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи-детски градинки“. 

Поврзани содржини