Да се воведе смртна казна!

Единствен начин да сопре криминалната јагма без оглав, која неповратно ја пустоши Македонија, е - веднаш да се отвори Уставот, само за да се воведе смртна казна! Да се применува безмилосно на сите досегашни, сегашни и идни евидентни предавници, јаничари, платени извршители и измеќари на туѓи агенди, пљачкаши - милијардери, профашистички профитери...

5,314

Живееме во најпресудна и најдраматична деценија по Втората светска војна, забарикадирани во англо-американското царство на злото, кое Македонците повеќе пати до сега го имаме препекано. Македонија како држава е под мека окупација на Пентагон и НАТО, кои преку канцеларијата во нашиот Генералштаб, поврзано со Косово и со Тирана, управуваат со Балканот.

Како ранета ѕверка, свесна дека примирјето или брзото завршување на војната која поради своите „мегали идеи“ ја започна против Русија, нема да биде во нејзина корист ако Русите не ја послушаат заповедта „вратете се таму од каде што појдовте…“ (а тоа не бива!), бескрупулозно врши притисок преку своите бази, војска и преку албанските партии кои се нејзин приврзок и во неа гледаат свој големоалбански покровител, да се закотви со своја НАТО држава и да не дозволи Русите преку Дунав и Црно Море да гостуваат во овие благо-климатски предели, желни да сменат ава и да ја почувствуваат медитеранската Европа.






А на таа, сиротата стара и болна дама во која нацизмот се склопчил како крлеж, грмејќи „имаме право, ние сме посилни!“, како што пошла работава, ќе ѝ биде пресудено од сопствениот народ, заедно со марионетите, посебно, во себе вљубениот Макрон, кој неспособен да стави ред без насилство во својата држава, се натокми нас да ни наметнува тирании какви што не трпи неговиот народ.

Граѓанската војна што се случи во Франција, невидено од Француска  револуција, не само што трае како обновена борба од Жолтите елеци  и обединетиот народ, туку со иста мера им враќаат, со отпор, на насилството од полицијата. И не се повлекуваат од своите егзистенционални барања директно вперени за обнова на фундаменталните човекови права, а со тоа  – крај на беззаконието како глобален отпад, на бескрупулозното пљачкање на народните пари од страна на мултинационалните апаши, на американизацијата и натоизацијата на Европа заедно со хегемонизмот,  де-доларизација и штампаните лиферувани долари…

Ова што се случи во Париз е почеток на промените кои се судбина на космосот. Поткрепата со масовните собири во Атина, протестите во Германија, Шпанија… се префрли и во Америка која одвнатре се цепи. Англија чека ред…

„Разбуди се, време е!“ Тоа е повикот на Французите, упатен  кон сите народи во светот. Како поветерец, слободарскиот дух се шири, и сакал некој или не, час поскоро ќе стигне и на Балканот. А, кај нас, молк… за народниот бунт којшто ја зафати Европа против хегемонизмот на аутистите, кои ги поминаа границите на толерантноста.

Нема враќање назад! Нациите се кренаа и не е важно кој е лево, а кој десно. Европа веќе никој не ја сака ваква каква што е, претворена во политички бордел. Само кај нас уште се слушаат лажопојките на марионетските експлоататори, кои уште позабрзано ги пљачкаат народните пари, го товарат бродот и попатно нѐ замајуваат со динар-два „смрзнати“ цени, плашејќи нѐ да не го испуштиме последниот воз и дека немало друг пат освен вака понудениот. И одбивајќи да сфатат на кој и каков свет припаѓаат, во кој, знаат или не знаат што се случува.

Во Македонија, поради конформизмот, луѓето се во понапредна летаргија. Сиромаштијата која е последица на беззаконието и на апашлукот, навестува „потреба“ од позабрзано осиромашување на народецот – што повеќе тоа поарно, за да стане уште понемоќен и зависен од илјадарката на која ќе се радува од покачената плата или пензија. А ако му дојадило, слободно да се иселува! Бандата имаат план да увезат „евтина работна сила“ како ново политичко поробување, испланирано од А до Ш.

Кај нас, „што важи за Мара, не важи и за Дара“! Платите на владарите, црпени од државните фондови кои народот ги полни, можат да скокаат, како што самите ќе одлучат. И кој вели дека нешто ќе се смени  ако ограбениот и понижениот срамежливо се дрзне да стави забелешка?

Нема некој повикан да преземе мерки и да се запрат пљачкањето, лицемерниот бандитизам, корупцијата, криминалот, албанскиот и бугарскиот фашизам,  албанизација на делови од земјата наменски закитени со албански знамиња под кои се гласат новоникнатите балисти… Што дека некој го осудил таквото однесување, кога не е преземен законски чекор да се запре и казни?

Македонците, водени од предавници јаничари, помогнаа – од внатре Албанците, од надвор Бугарите – одново да ги оживеат своите територијални и асимилаторски окупаторски идеи и да ни ја распостелат картата на поделената Македонија, со границите кај Групчин, кои сега се поместени. Сето тоа на нас Македонците ни се случува со замајување за Европа!

Европа и Унијата –  кои не постојат заедно со фундаменталните постулати, поради кои е формирана. Европа –  која е претворена во фашистичко гнездо, водена од луѓе кои имаат сопствена ограбувачка идеологија, а нас, преку домашните марионети, ни приредуваат мижитатари, нудејќи ни мир и благосостојба со уцени, присила….

Паралелно, во име на „европскиот пат“ , Албанците материјално, институционално и политички, сосема ја завладеаја државата. Изолирајќи се територијално како во окупациони зони, со целосна власт во свои раце, ја претворија Македонија во апартхејд, во кој малцинството владее со мнозинскиот македонски народ.

Уништен е принципот на унитарноста и неделивоста на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Албанскиот јазик незаконски го посла теренот и го потисна македонскиот, кој одамна институциите не го заштитуваат. Посебен  атак се двојазичните полициските униформи, со што, се манифестира поделена држава, со предност на Албанците кои имаат своја матична татковина, а настапуваат со етнички предзнак, за оградена  „нивна“  територија.

Ние Македонците немаме психичка енергија за самоодбрана.  Како социјални битија се повлековме во себе и не ги храниме емоциите, само стомакот. Така духовните вредности ги заменивме за материјални, а некои кои се покрај нас, го користат нашето плиткоумие и на наша штета, ја зајакнуваат првенствено својата духовна опстојба која им овозможува материјално и територијално да нѐ ограбуваат, во тандем со Македонците јаничари, кои продадени души, од носот понатаму ништо не ги интересира.

Ние Македонците сме единствен народ кој мирнодопски ги губи идентитетот и матичната држава. Предаден ни е предзнакот „национална“ со сите АСНОМ-ски придобивки! Во сопствената држава станавме политичко малцинство, именувано како едно од многуте заедници. Вирееме како безимена толпа само во рамките на северџанија, откажани од Македонци кои живеат надвор од границите. Како во трагична клопка – сами   прифативме убиствено самоуништување,  која трагедија пред наши очи, е во тек!

По нечии предавнички успешен план, станавме никаква „мултинационална  северџанска држава“, која е сечија, само не на Македонците, кои никој веќе не ги споменува под тоа име. Сега и тоа не ги задоволува апетитите на албанските партии. Со менување на Уставот бараат Македонија да стане двонационална држава,  со два државни јазици, а понатаму химна, знаме… Значи, дефинитивен распад на Македонија.

Да е распадот уште поевидентен, судство е приватизирано од власта и претворено во приватна ветеринарна ординација, каде се плаќаат како за луѓе сите операциони зафати. Парламентот е претворен во стоковна куќа, каде газдата ги качува и спушта цените на стоката, во зависност од побарувачката. Затворите се под мафијашка контрола, исто како образованието, здравството, културата….

Македонија го доживеа врвот на духовната, моралната и егзистенционална криза. Друштвото на писатели, МАНУ и други институции, формирани како стожер на македонската опстојба, денес се политички забарикадирани, заедно со моралната обврска –  за секое акутно и витално прашање во државата, да се изјаснуваат, со став за чаре. Да бидат со народот кој ги плаќа!

Иако сме западнати во сотонска дупка, наместо излез, на бандата „проевропски водачи“, за да остане на власт, најважно им е отворање на Уставот. Со тоа, да се официјализираат бришењето на Македонизмот и окупаторскиот продор на Бугарите и Албанците!

Не! Повторка нема да се случи! Македонија расчисти со бугарските фашисти и албанските балисти, заклучно со 1945 година. Уставот може и треба да се отвори, само за ревитализација на македонската држава, а тоа е –  враќање кон АСНОМ-ските државотворни корени!

А единствен начин да сопре криминалната јагма без оглав, која неповратно ја пустоши Македонија, е – веднаш да се отвори Уставот, само за да се воведе смртна казна! Да се применува безмилосно на сите досегашни, сегашни и идни евидентни предавници, јаничари, платени извршители и измеќари на туѓи агенди, пљачкаши – милијардери, профашистички профитери…

Поврзани содржини