ДА СЕ ВОВЕДАТ ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА Граѓаните навалија на боцкање поради новите мерки

Граѓаните апелираат надлежните да воведат термини за вакцинација, бидејќи стравуваат дека токму на вакциналните пунктови ќе закачат коронавирус.

812

И во поликлиниката Букурешт има невиден метеж од граѓани кои сакаат да се вакцинираат или се дојдени за ревакцинација. Луѓето сакаат да ги избегнат жештините и доаѓаат порано и пред вакциналните пунктови се создава метеж бидејќи нема термини за вакцинација.






Граѓаните апелираат надлежните да воведат термини за вакцинација, бидејќи стравуваат дека токму на вакциналните пунктови ќе закачат коронавирус.

Граѓаните пак, кои се со термин за ревакцинација невозможно е веднаш да влезат и чекаат најмалку еден час за да дојдат на ред.

-Чекав повеќе од еден час, дојдов на ред и конечно се вакцинирав. Сакав да се вакцинирам најмногу поради новите мерки кои ги воведе Владата и кои ќе стапат на сила од понеделник бидејќи сакам нормално да живеам да функционирам – вели скопјанец.

Поврзани содржини