ДА СЕ СМЕНИ ДРЖАВНИОТ ГРБ ЗА ДА СЕ ПРЕМИСЛИ ОПОЗИЦИЈАТА Спасеновски има идеја како да се приближат ставовите за уставните измени

Можеби враќањето на старата дебата некаде од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб на државата, нешто што како проект беше започнато од минатата влада, беше обезбедена согласност од ДУИ, е еден од начините како да се овозможи земање предвид на интересите, на заложбите, на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу текстот на уставните измени, изјави Спасеновски.

4,593

Едно од креативните решенија како ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени е промена на државниот грб која како отстапка би ја направиле другите партии, смета универзитетскиот профсор и експратеник Александар Спасеновски.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој во вторникот рече дека можеби треба да се размислува за предлогот за црвен лав на жолта позадина со 5 кули кој во 2014 за државен грб го предложи владата на Никола Груевски, а доби и позитивна оценка од ДУИ, но на крајот не помина во Собрание.






Причината поради која ДУИ тогаш го прифати предлогот е дека грбот на многу стари албански семејства исто така е лав, како и грбот на градот Тирана, додека круната е и општ симбол за скопското Кале.

Според Спасеновски, оваа измена би била во светло на декларираната заложба на Владата за унапредување на единството.

– Можеби враќањето на старата дебата некаде од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб на државата, нешто што како проект беше започнато од минатата влада, беше обезбедена согласност од ДУИ, е еден од начините како да се овозможи земање предвид на интересите, на заложбите, на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу текстот на уставните измени – изјави Спасеновски.

Според него веројатноста дека уставните измени ќе завршат неуспешно е поради тоа што тие за поголемиот дел од Македонците тие се неповолни, но и затоа што нема рационална дебата во општеството околу ова прашање. Исто така, тој вели дека се планираат уште неколку амандмани во самите измени, што ја зголемува скепската и кај граѓаните и кај експертите.

– Од една страна имаме неповолно решение заради чувството на најголемиот дел од граѓаните на оваа држава, особено на Македонците дека нешто неправедно им се одзема и се тераат да направат нешто со кое тие губат дел од нивниот супстрат во рамки на највисокиот правен акт на државата. Од друга страна геополитиката е што Македонија е дел од Европскиот континент и процесите влијаат врз неа. На некој начин времето притиска, но на Македонија и е понудено неповолно решение со кое поголем дел од граѓаните не се согласуваат – рече Спасеновски.

Поврзани содржини