ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ОД СУША Левица предлага сет мерки за помош на земјоделците
Покрај другото Левица бара и да се корстат цистерните на комуналните претпријатија за наводнување; да не работат малите хидроцентрали кои се наоѓаат на реки во критично сушни подрачја, и максимално користење на водата за наводнување во земјоделието; и да се забрани изградба на мали ходроцентрали.
Левица бара владата да прогласи елементарна непогода поради сушата и да донесе сет од мерки за помош на земјоделците. Повод за ваквите барања, каако што велат од партијата, е сушата која предизвика огромни штети во земјоделието, а посебно во лозарството.
Од партијата велат дека владата треба да им помогне на земјоделците да излезат од кризата поради сушата, а први мерки би биле да се прогласи елементарна непогода од суша и да се формоираат комисии во подрачните единици на МЗШВ за проценка на штетите од сушата.
Еве ги останатите:
1. Подрачните единици на МЗШВ во соработка и координација со водните заедници, јавните претпријатија кои стопанисуваат со водните ресурси и земјоделските здруженија да направат план како да се интервенира на местата каде што нема вода или е недоволна нејзината количина;
2. Намалување на цената на водата за наводнување, а кај земјоделците што имаат 100% штети, целосно ослободување од плаќање;
3. Користење на цистерните на комуналните претпријатија за наводнување;
4. Запирање со работа на малите хидроцентрали кои се наоѓаат на реки во критично сушни подрачја, и максимално користење на водата за наводнување во земјоделието;
5. Забрана за градење на мали хидроцентрали;
6. Чистење и редовно одржување на системите за водоснабдување;
7. Одземање на концесиите на системите за водоснабдување на приватните фирми кои вршат застои и нередовно снабдување со вода;
8. Субвенции за набавување на модерни системи за водоснабдување како капка по капка и вградување на водомери;
9. Изработка на стратегии за водоснабдување преку среднорочни и долгорочни планови, бидејќи глобалното затоплување и климатските промени во иднина ќе предизвикуваат се почести суши кои ќе влијаат врз земјоделското производство, а со тоа и на цената на храната.