ДА СЕ ПРАШУВАА ТИЕ, ГРЧКО-МАКЕДОНСКИ СПОР НЕМАШЕ НИ ДА ПОСТОИ! Гркот Тео е македонски зет, среќен со Софија и со својата нова лична карта

Тео Геракакис и нашата Софија не се сретнале на некое романтично место, како на пример, во Грција покрај море, туку се запознале на градилиште во Индустриска зона Скопје. Но тоа воопшто не ја намалува нивната романтична приказна која трае веќе 12 години

4,641

Заедно се веќе 12 години откако се вљубиле на прв поглед и сфатиле дека е тоа ТОА вистинското. Односно, се бендисале уште од првата секунда, а за само една недела знале дека е тоа нов почеток за нив двајца.
Тео Геракакис и неговата сопруга Софија, инаку, ќерка на нашиот сликар Свето Манев, не се сретнале на некое романтично место, како на пример, во Грција покрај море, туку се запознале на градилиште во Индустриска зона Скопје.
Но тоа воопшто не ја намалува нивната романтична приказна.

Таа е архитектка и во тоа време работела на истото градилиште на кое Тео кој е машински инженер работел на својот проект во Македонија.






„Уште кога првпат ја здогледав, некако почувствував дека е тоа нешто посебно.

Ја гледав кога излегуваше надвор да запали цигара на 5 минути и знаев дека мора да го направам првиот чекор, а потоа сѐ се одвиваше многу брзо“, раскажува Тео за нивната прва средба.
Софи пак, која не сака сето ова да звучи премногу романтично, срамежливо вели дека оваа приказна и не е важна, односно дека е важно само тоа дека се нашле и дека таа нивна љубов е толку вистинска и силна што се проширила и на сите околу нив.

Целиот текст прочитајте го на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини